Каракачанска Праменка
Каракачанската овца или црновлашката овца е автохтона овца која има ареал на распространување во Јужниот дел на Балканскиот Полуостров (Македонија, Грција и Бугарија). Во минатото се одгледувала номадски од Каракачаните кои сезонски се движеле во потрага по подобри пасишта во текот на годината. Црновлашката овца припаѓа на ситните и лесни праменки со висина на гребенот кај овците/овните од 55,62 cm и жива маса од 33/44 kg. Се одликува со темно кафена до црна боја на волната (се среќаваат и бели овци), а необраснатите делови од телото како и долните делови на нозете и лицето се покриени со црни покривни влакна. Волната е груба, руното отворено и составено од шилести прамени. Овните се со спирално развиени рогови додека овците шути (7-10% од овците се рогати). Спаѓа во групата на кратко-опашни овци според должината на опашката од 24,22 cm и бројот на пршлени (12,37). Каракачанската овца се одликува со тројно производство и мала продуктивност, но е скромна, издржлива, отпорна и прилагодена на екстензивни услови на одгледување. Нејзината млечност е ниска и се движи во границите од 24-26 kg, а процентот на близнење е 3-5%. Масата на руното кај овни/овци изнесува 1,5/1,1 kg финоста на волната е 38 m со должина на праменот од 15-20 cm.
